Шкедија лесно го среди Шкупи, Работнички одигра за Вардар, Силекс горопаден во Кратово!
Силекс одигра моќно на домашен терен каде што ја прегази Воска (4-1) и тоа во меч во кој дури три гола постигна со фудбалер помалку. Додев го отвори резултатот во 23. минута, но десетина минути подоцна Ѓеков доби директен црвен картон. Тоа не ги разочара кратовци, кои преку Игнатов во 66. минута го зголемија водството, за осум минути подоцна гостите да го намалат резултат. Тоа беше се од нивна страна, бидејќи Алиќ и Донов во период од четири минути (76. и 80.) го решија сите дилеми околу победникот.
Шкендија немаше проблеми во „албанското дерби“ на домашен терен лесно совладувајќи го Шкупи (2-0) за кого ова беше петти пораз по ред. Работнички, пак, беше сигурен на гостувањето кај фенерџијата Тиквеш (2-0), со што му помогна на соседот Вардар во борбата за опстанок. Брера со голот на Мато во 61. минута како гостин ја изненади Беса, додека Струга минимално беше подобра од Пелистер.
ТАБЕЛА: Силекс 33, Шкендија 33, Гостивар 33, Работнички 31, Струга 29, Брера 19, Шкупи 16, Пелистер 16, Беса 13, Вардар 12, Воска 12, Тиквеш 10.