„Мојот случај е ист како на Синер, ама мене жестоко ме казнија, а него го – помилуваа!“
Тој беше суспендиран на една година, а објасни дека тоа било поради „многу мала количина“ на супстанцата која потекнувала од „надворешна контаминација“. Тој истакна дека не знаел дека неговата девојка користела лек кој ја содржи забранетата супстанца, но поради тоа останал без договор со клубот Армани и морал подолго да паузира.
„Мојот случајот е идентичен со оној на Синер. И двајцата несвесно сме биле изложени на супстанцата. Во мојот случај, бев суспендиран на три и пол месеци пред судењето и потоа добив едногодишна дисквалификација, иако судијата призна дека супстанцата е внесена ненамерно“, изјави Мораскини.
Синер, пак, беше позитивен на допинг-тест во март годинава, но беше ослободен од сите обвиненија и постапката против него беше запрена. Италијанскиот тенисер доминираше оваа сезона, освојувајќи го врвот на АТП ранг-листата. Мораскини ги повика надлежните да воведат поголема транспарентност и доследност во одлуките поврзани со антидопинг случаите.