Навивачите на Дортмунд се мајтапат со „Максимир“: Ако заврне ќе биде – ептен весело (ВИДЕО)

Германските навивачи го свртеа вниманието кон стадионот „Максимир“ пред вечерашниот натпревар помеѓу Динамо Загреб и Борусија Дортмунд (21 часот) во рамките на петтото коло од Лигата на шампионите, во кој хрватскиот шампион и германскиот вицепрвак на теренот ќе истрчаат со седум, односно девет бодови по четири одиграни кола.

„Милионерите“ во пресрет на овој дуел објавија видео на кое се гледаат фудбалерите како излегуваат на теренот низ тунелот на „Максимир“. Тоа беше доволно за навивачите на германскиот клуб да го коментираат изгледот на стадионот, при што многумина се пошегуваа.

„Ова е многу чуден стадион,“ напиша еден од нив, додека друг додаде: „Се надевам дека утре нема да врне дожд.“ Еден навивач дури се обиде да најде позитивна страна: „Од овој агол и не изгледа толку лошо“.

Претходно и членот на Борусија, Феликс Нмеча, забележа дека „Максимир“ е сосема различен од стадионите во Германија, дополнително потенцирајќи ја неговата уникатност. Состојбата на стадионот дополнително ја усложнуваат временските услови, бидејќи стадионот на Динамо не е покриен, што предизвикува загриженост кај навивачите на двата клуба. Во Загреб од синоќа врне непрекинато, но прогнозите велат дека дождот треба да престане до 19 часот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Borussia Dortmund (@bvb09)