Женската ракометна репрезентација на Македонија овој месец ќе одигра два натпревари во квалификациите за Европското првенство против Белгија.

Избраничките на Кристијан Грчевски денеска го одработија и првиот тренинг пред првиот дуел кој е закажан за два дена на гости во Белгија, реваншот ќе го играме на домашен терен во Куманово на 7 март.

Во дуелите со Белгија, Македонија ќе ги бара првите бодови бидејќи во првите две средби загубивме од Германија (34-18) и од Словенија (28-20). Белгија исто така квалификациите ги почна со два порази.