Извлечени групите во Купот на Македонија, екипите го дознаа патот до Ф4
Вардар кој оваа година ја брани титулата почува против Бутел и доколку слави го чека пресметка против Мулти Есенс или Пелистер 2.
Бранителот на тронот од Суперлигата, Пелистер за противник ја доби екипата на Струга, додека во второто полуфинале во оваа група силите ќе ги одмерат Прилеп и Драчево јуниор.
Алкалоид пак се најде во групата Б каде што ќе се сретне со Радовиш на гости, додека во втората полуфинална пресметка тука ќе играат Пролет и Македонија Ѓорче Петров.
Од фаворитите Охрид доби најтешка задача бидејќи го чека дуел со Тиквеш во Кавадарци, тука во второто полуфинале ќе играат Куманово и Младост Богданци.
Според правилата, победниците од полуфиналните дуели пои групи ќе одат во финален натпревар, а победникот обезбедува место на завршниот турнир. Термините за натпреварите се 7/8 март, додека фајнл-фор турнирот е на 18/19 април.
Група А
Бутел Скопје – Вардар
Мулти Есенс – Пелистер 2
Група Б
Пролет – Македонија Ѓорче Петров
Радовиш – Алкалоид
Група В
Тиквеш – Охрид
Куманово – Младост Богданци
Група Г
Прилеп – Драчево Јуниор
Струга – Пелистер