Чупиќ: Утре мораме да одиграме подобро и да ја победиме Бенфика!

Ракометарите на Вардар ги чека натпреварот против Бенфика кој е најважниот во оваа фаза во битката за место во плеј-офот.

Победа за Вардар во овој дуел би била од огромна важност, а тоа го потенцираше и тренерот Иван Чупиќ на денешната прес-конференција.

„Играме дома и се надеваме дека ќе ја наполниме салата и ќе имаме убава вечер, сакаме да оставиме добра слика и со победа да ја поминеме главната фаза. Во првиот натпревар не бевме на нивото, сега треба да одиграме реванш и да го покажеме вистинското лице, да се покажеме во подобро светло од тој натпревар во Лисабон, мотивацијата треба да биде на повисоко ниво, затоа што Бенфика е една од ретките екипи која успеа да слави против нас. Главната цел на Вардар е титула секоја година, па така и сега. Разликата од лани и претходно што не освоија не значи дека целите не беа исти. Секогаш гледаме кон повисоко ниво, целта е повисока кон сите титули. Нема да калкулираме со ништо, не дека имаме самодоверба и мислиме дека сме најдобри.

Потенцираше Чупиќ и дека густиот распоред не смее да биде изговор.

Од моја перспективна е многу лесно, сакаме да играме во ЛШ, да се бориме со најдобрите во Европа, а тоа значи секои два-три дена натпревар. Тоа мора да го навикнеме, такво е нивото. Не не интересира што беше во саботата, утре е Бенфика. Живееме во сегашноста, а тоа е само Бенфика. Утре имаме една цел, да ја добиеме Бенфика и да се покажеме во подобро светло од првиот меч. Ако не ја добиеме Бенфика утре, ние не дека ќе размислуваме за четвртфинале, туку ќе се плашиме и за осминафинале. Така што, утре за нас е „живот или смрт“. Кога си меѓу 10-12 најдобри екипи во ова натпреварување, тогаш само на хартија еден противник може да изгледа полесен од другиот. Ние ќе бидеме максимално подготовени, па којк ќе дојде, нека дојде. Нашата цел е титулата во јуни“, порача Чупиќ.

Покрај тренерот Чупиќ на прес-конференцијата присуствуваше и ракометарот, Урош Митровиќ.

„Во првиот натпревар со Бенфика не поминавме добро и не одигравме најдобро што можеме, затоа утре мораме да се реваншираме. Ќе дадеме сè од себе на теренот еден за друг и за навивачите кои ќе бидат да тука да не бодрат“, изјави Митровиќ.

 

Натпреварот помеѓу Вардар и Бенфика на програмата е утре во терминот од 20:45 часот.