Ново правило на повидок поради Винисиус и Престијани - ќе има повеќе исклучувања!
Ова прашање повторно се најде во фокусот во изминатите недели, откако Винисиус Жуниор, тврдеше дека бил расно навредуван од играчот на Бенфика, Џанлука Престијани во натпреварот кој предизвика бурни реакции во јавноста.
Престијани кој ги негира обвинувањата во моментите додека му се обраќа на Винисиус ја покри устата, па не можеше да се потврди што му зборува, но и покрај тоа беше суспендиран за реваншот.
За оваа тема и ситуацијата кога фудбалерите ја покриваат устата се зборуваше и на состанокот на Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации, одржан во саботата.
„Доколку некој играч ја покрие устата и каже нешто што има расистичка последица, тогаш мора да биде исклучен, тоа е очигледно“, изјави Инфантино.
„Мора да постои претпоставка дека кажал нешто што не смеел да го каже, бидејќи во спротивно не би имал потреба да ја покрива устата. Едноставно не разбирам. ако немаш што да криеш, не ја покриваш устата додека зборуваш. Тоа е тоа, едноставно е. И тоа се чекори што можеме и мораме да ги преземеме за да бидеме сериозни во нашата борба против расизмот“, додаде првиот човек на светскиот фудбал.