Ракометар на Пелистер го има голот на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

Ракометарите на Пелистер беа поразени на гостувањето кај Висла Плоцк во рамки од четвртото коло, но како за мала утеха за македонскиот шампион, голот на колото го има Павле Атанасијевиќ.

Атанасијевиќ испрати вистинска „бомба“, а голманот на полскиот тим немаше шанси да интервенира. Во конкуренцијата Атанасијевиќ ги победи: Марио Соштариќ, Мартим Коста, Тијаго Петрус и Тоббијас Грондал.

Пелистер по четири кола во ракометната елита има една победа во првото коло и три порази.