„Проектилот“ на Лазаров избран во топ-5 голови во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот ракометар и селектор Кире Лазаров заедно со Нант го освои четвртото место на Ф4-турнирот во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), но неговиот „проектил“ од мечот против ПСЖ заврши во топ-5 голови.

Лазаров постигна само еден гол против ПСЖ во битката за третата позиција, а тој погодок беше избран за четврти најдобар на завршницата од елитното натпреварување.