Поради бивш македонски селектор, ракометот во БиХ ќе биде целосно уништен!

Ракометот во Босна и Херцеговина може да згасне, а причината е долг кон поранешниот македонски и босански селектор, Ивица Обрван.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) им дала рок на Ракометната федерација на БиХ до 15. август да уплатат 138.812,18 евра за трошоци во спорот со поранешниот нивни селектор Ивица Обрван.

Доколку не го сторат тоа во предвидениот рок, ЕХФ ќе ја суспендира БиХ од сите натпреварувања, суспензија ќе има и за клубовите и службените лица од оваа земја.

Обрван ја водеше БиХ во 2021 и 2022 година, ги однесе на ЕП во Словачка и Унгарија. Замина во март 2022 година поради долгови кон него. Хрватот потоа со тужба си ги бараше парите, сега дојде време за наплата.