По пет сезони заминува од Ница: Мицевска ќе брани во Романија!
Македонката потпиша договор со романска Слатина, која од следната сезона ќе игра во понизок ранг во Романија бидејќи го освои претпоследното место во елитата.
Мицевска претходно го носеше дресот на Вардар во сезоната 2017/18, пред да потпише за Ница во 2018 година, а во меѓувреме запиша и 22 настапи за репрезентацијата на Македонија.
Слатина е заинтересирана за уште една македонска ракометарка, а тоа е Јована Саздовска која ги брани боите на Дунареа Браила.