Пелистер ослабен ќе бара победа во Португалија
Битолчани ќе бидат ослабени на гостувањето во Португалија, затоа што надвор од конкуренција за настап се Нејц Цехте и Дејан Манасков, но повикан е Алем Хаџиќ во составот.
Спортинг, од друга страна, ќе влезе како голем фаворит во пресметката со македонскиот тим и ќе се обиде да ја запише седмата победа во ЛШ, а во тоа се очекува да помогнат Мартим и Франциско Кошта.
Пелистер во моментов се наоѓа на шестата позиција во групата А со шест освоени бодови, односно два повеќе од Висла Плоцк и еден од Фредериција.
Натпреварот меѓу Спортинг и Пелистер од 11. коло во елитното натпреварување се игра вечерва од 20.45 часот.
