
Пелистер има тешко гостување во Берлин кое не смее да го загуби!
Вчерашната победа на Висла Плоцк на гостувањето кај Динамо Букурешт на теорија ги сведе шансите на Пелистер за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Една од задачите кои изгледаат како невозможни е вечерва во Берлин да не се загуби. Пораз ќе значи и елиминација на коло пред крајот.
Пелистер во Германија отпатува со зголемена самодоверба по победите над Динамо Букурешт во Лигата на шампионите и убедливиот триумф над Алкалоид во домашното првенство.
Фуксе Берлин уште има шанси за втората позиција во групата која директно води во четвртфиналето од Лигата на шампионите, па мотивирано ќе влезе во дуелот со пелистерци.
Ако Пелистер успее да остане непоразен во Берлин, во последното коло ќе треба да го совлада ПСЖ во Битола, но и да чека пораз на Висла Плоцк од Спортинг.