Охрид се „прошета“ низ Прага и обезбеди четвртфинале во Европскиот куп
„Гладијаторите“ беа одлични од самиот старт на натпреварот и имаа предност, а Дукла до прво израмнување стигна во 15. минута (7-7). Сепак, Охрид успеа да одговори и на паузата стигна до 15-13.
Охрид ја контролираше играта и во второто полувреме во кое постојано ја зголемуваше предноста до конечни 30-24.
Најефикасен во победничкиот тим беше Прибетиќ со седум голови, додека Ојлески и Пешиќ запишаа по пет погодоци.