Охрид ги поздрави шампионите - се слави освоениот пехар во Европскиот куп! (ВИДЕО)

Ракометарите на Охрид оваа сезона ја завршија на најдобар можен начин, со титула во Европскиот куп на ЕХФ откако ја совладаа Татабања, а вечерва се славеше големиот успех во градот.

Прославата почна во 19 часот на градскиот плоштад во Охрид, а еден час подоцна пристигнаа и шампионите на Европскиот куп, а локалните медиумите „Охрид1/Њуз1“ и „ОхридЊуз“ ја пренесоа атмосферата од градот.