Нов пораз за Рапид: Три гола на Ристовска во дербито во Букурешт!

Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска заедно со Рапид Букурешт доживеа пораз во дербито против ЧСМ Букурешт со 24-28 во седмото коло од домашниот шампионат.

Двете екипи се судрија во романското дерби, а на крајот се радуваше ЧСМ кој ја продолжи победничката серија, додека Ристовска на мечот успеа да постигна три голови од пет обиди.

Екипата на македонската ракометарка има два порази и пет победи по седум одиграни кола во домашниот шампионат, додека лидер е ЧСМ со седум триумфи по ред.

Раипд и Ристовска во следниот меч ќе се соочат против Брест Бретањ во Лигата на шампиони.