Руне беше лесен залак: Алкараз ќе се соочи со Надал во С. Арабија

Холгер Руне не можеше да му парира на неговиот колега Карлос Алкараз, кој славеше во два сета со 6-4 и 6-2 за пласман во полуфинале на турнирот „Шесте кралеви“ во Саудиска Арабија.

Алкараз постојано го напаѓаше сервисот на Руне, кој се бранеше сè до деветтиот гем кога попушти и му дозволи на Шпанецот да го освои сетот со 6-4.

Шпанскиот тенисер беше уште подобар во вториот сет и со два брејка, во првиот и петтиот гем, го доби сетот со 6-2.

Алкараз во полуфинале на турнирот ќе се бори против Рафаел Надал, додека на другата страна на ждрепката се Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.