Погба: Се враќам како нов човек, гладен за повеќе успеси!

Францускиот фудбалер Пол Погба на почетокот на следната година ќе може да се врати на терените, откако му беше намалена суспензијата поради допинг.

Погба, сепак, во изминатиот период преговара со Јувентус за прекин на договорот, по што се очекува да најде нов клуб за неговата иднина.

„Се враќам како нов човек. Уште подобар од претходно. Гладен за повеќе успеси и со поголема посветеност. Се чувствувам како дете кое сака да игра професионален фудбал. Тоа ме мотивира да бидам подобар во иднина“, кажа Погба.

Французинот досега во кариерата играше за Манчестер јунајтед и Јувентус.