Пантер се распука пред Ц. Звезда: Барселона го совлада Монако!

Кошаркарите на Барселона триумфираа против Монако со 86-71 за втора победа во Евролигата оваа сезона, а одличен на паркетот беше Кевин Пантер.

Барселона го диктираше темпото од самиот почеток, а првата четвртина ја доби со 26-18, додека водството го одржуваше и до крајот на првото полувреме (47-39).

Монако се обидуваше да фати ритам со ривалот, меѓутоа не успеа во намерата, а Барселона го казни тоа и славеше со 86-71.

Пантер беше најефикасен кај Барселона со 21 поен, додека Ели Окобо постигна 13 поени за Монако.