Спектакл во С. Арабија: Синер го декласира Медведев и закажа полуфинале со Ѓоковиќ
Синер беше незапирлив во првиот сет и направи дури три брејка за да го освои сетот со убедливи 6-0, а со одлична игра продолжи и во вториот сет каде што реализира два брејка и славеше со 6-3.
Првиот тенисер на АТП-листата во полуфинале на „Шесте кралеви“ ќе игра против Новак Ѓоковиќ, кого го совлада пред неколку дена во финалето на мастерсот во Шангај.