Нант преку Магдебург до трет триумф во ЛШ

Ракометарите на Нант одиграа одличен меч на гостувањето кај Магдебург и триумфираа со 32-28 во петтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Нант имаше предност во поголемиот дел од првото полувреме, меѓутоа Магдебург во финишот го скрши ривалот и на паузата замина со 16-15.

Гостите на стартот на вториот дел влегоа во одлична серија од 5-0 и избегаа на 22-18, по што Магдебург никако не успеваше да ја врати неизвесноста, додека Нант успешно одговараше на секој противнички гол.

Магнусон беше најефикасен во редовите на Магдебург со седум погодоци, додека Мине запиша девет гола за Нант.

Нант има три победи и со шест бодови е на делба на втората позиција во групата Б, додека Магдебург останува на шестата позиција со три бода.