Нов пораз на Пелистер во ЛШ, битолчани потклекнаа пред Веспрем и Циндриќ!

Ракометарите на Пелистер продолжија со очајните настапи во Лигата на шампиони (ЛШ), па така вечерва загубија и од Веспрем (23-30) во шестото коло од елитното натпреварување.

Веспрем уште на самиот старт ја најави победата, откако избега на четири голови предност (8-4), по што водството го чуваше до крајот на првиот дел.

Пелистер не успеа да одговори во вторите 30 минути, односно тргна катастрофално и тоа го казни Веспрем кој на крајот славеше со 23-30.

Филип Кузмановски беше најефикасен во редовите на Пелистер со седум голови, додека екс-вардарецот Лука Циндриќ постигна осум голови.

Пелистер по шест одиграни кола има освоено само еден бод и се наоѓа на последната позиција во групата А.

Барселона славеше во дербито против Магдебург со убедливи 32-26 и ја продолжи победничката серија во елитното натпреварување.