Мудрик и Феликс беа незапирливи, Челси со „покер“ го здроби Панатинаикос (ВИДЕО)

Поранешниот англиски и европски шампион Челси одигра одличен меч на гостувањето кај Панатинаикос и славеше со 4-1 во второто коло од Конференциската лига на УЕФА.

Посебно за игра беа расположени Михајло Мудрик и Жоао Феликс, кои комбинираа при првиот погодок на „сините“ во 22. минута.

Мудрик беше стрелец на вториот гол за Челси во 49. минута по асистенција на Педро Нето, додека Украинецот потоа повторно му асистираше на Феликс за 3-0.

Челси стигна до предност од 4-0 преку Кристофер Нкунку од пенал во 59. минута, додека Факундо Пелистери ги постави конечните 1-4.

Останати резултати:

АПОЕЛ – Борац Бања Лука 0-1
Целје – Башакшехир 5-1
Гент – Молде 2-1
Хартс – Омониа 2-0
Јагелонија – Петрокуб 2-0
Ларне – Шамрок роверс 1-4
Рапид – Ноа 1-0
Сент Гален - Фиорентина 2-4