Ц. Звезда се распадна во Мадрид: Кампацо го уништи неговиот бивш клуб

Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид славеше со 95-72 против Црвена Звезда во петтото коло од Евролигата.

Ц. Звезда постигна само 10 поени во првата четвртина и му овозможи на Реал да создаде двоцифрена предност (22-10). „Кралевите“ беа сигурни и во продолжение од средбата, па на паузата заминаа со 46-29.

Српскиот тим се обидуваше да ја врати неизвесноста, но едноставно не можеше да му парира на шпанскиот гигант, па загуби со 72-95.

Најефикасен во победата на Реал беше Муса со 17 поени и три скокови, додека Кампацо го заврши мечот со индекс 30, односно 13 поени, шест асистенции и три скокови.