Ужасна вечер за Милано: Димитријевиќ и другарите загубија од Анадолу Ефес

Кошаркарите на Милано го запишаа четвртиот пораз во Евролигата, откако на домашен терен загубија од Анадолу Ефес со 96-84.

Турскиот гигант имаше неверојатно прво полувреме во салата во Милано и на паузата замина со предност од 46-25.

Иако делуваше дека сè е готово по првите 20 минути, сепак Милано покажа знаци на живот во третата четвртина кога намали на 59-66.

Анадолу Ефес продолжи со одлична игра во завршницата и на крајот оствари триумф со 96-84.

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра 13 минути, а притоа запиша само една асистенција.