Петар Јовановски реизбран за претседател на ОФМ, Филип Деспотовски нов генсек на Федерацијата!

Попладнево во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа Редовно изборно Собрание на кое Петар Јовановски беше реизбран за нов претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, додека за генерален секретар беше поставен Филип Деспотовски.

Извршниот одбор е составен од членовите: Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски.

„Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец г-дин. Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува г-ѓа Сања Никчевиќ.

На Собранието новиот Извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во нивната работа во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на ЦЕВ Европското првенство 2026, со кое ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим“, соопштија од Одбојкарската федерација на Македонија.