Мурињо доби црвен картон: Фенербахче ремизира против Јунајтед (ВИДЕО)

Фенербахче освои бод против Манчестер јунајтед (1-1) во третото коло, откако двете екипи одиграа одличен меч во Истанбул во третото коло од Лига Европа.

Жозе Мурињо се соочи со неговиот поранешен клуб и посакуваше победа, но голманот Андре Онана правеше чуда на голот на „ѓаволите“ во првиот дел, додека погодок за водство на гостите постигна Ериксен.

На почетокот на вториот дел Ен Незири погоди за 1-1, по што продолжи драмата на теренот, односно „ѓаволите“ тргнаа со сите сили по втор гол.

Жозе Мурињо беше исклучен во 58. минута, откако збесна покрај аут-линијата, по што не се менуваше резултатот на натпреварот.

Фенербахче по три одиграни меча има освоено пет бодови, додека Јунајтед има само три бода.

Останати резултати:

Андерлехт – Лудогорец 2-0
Атлетик Билбао – Славија Прага 1-0
Лион – Бешикташ 0-1
Малме – Олимпијакос 0-1
Порто – Хофенхајм 2-0
Тотнем – АЗ Алкмар 1-0
Твенте – Лацио 0-2