Неверојатна тројна одбрана на вардаровиот октопод Милосављев! (ВИДЕО)

Новото вардарово засилување на голманската позиција, Дејан Милосављев покажа дека ќе биде голема аквизиција за црвено-црните, откако си замина Арпад Штербик и тоа го демонстрираше на најдобар можен начин попладнево против европскиот првак Монпелје.

Милосављев имаше три одбрани во иста акија, па како вистински октопод до лудило ги доведе Французите, во првиот дел во кој вардарци играат егал меч со владетелот на европскиот трон, а на полувреме имаат и водство од еден гол (12-11), благодарение на извонредниот голман, како и на четирите гола на Вуко Борозан, а по три на Сташ Скубе и Иван Чупиќ.