„Ни ги истресоа задниците, нѐ посрамија пред навивачите“

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун го призна катастрофалниот пораз од Минесота во вториот натпревар и сликовито го објасни она што се случуваше во Бол арената.

Актуелниот шампион е во незавидна ситуација бидејќи ги загуби првите два меча од серијата со Вулфс, двата на домашен терен и ќе мора да се „вади“ на гости.

„Ни ги истресоа задниците, претепани сме на домашен терен и осрамотени пред нашите навивачи. Нивната одбрана беше премногу за нас, дадовме се да ги пробиеме на секоја позиција.  Надмудредни сме тренерски, надиграни на теренот, сите сме разочарани од ова издание. Мораме да направиме некои прилагодувања за следниот натпревар, ќе биде тоа голем предизвик за нас. Говорот на телата на играчите не е ни блиску до тоа каков би морал да биде“, изјави Мелоун.

Играчите на Денвер погодија само 35% шут од игра и имаа дури 19 загубени топки. Во поените под кошевите беше 52-34 за Минесота што јасно говори дека и Јокиќ ја загубил битката со своите ривали.