Нант го распарчи Данкерк, Лазаров не постигна ниту еден гол

Нант им се врати на победите во француското првенство, откако денеска го растури тимот на Данкерк со 43-28, иако македонскиот селектор и ракометар Кире Лазаров не постигна ниту еден погодок.

Екипата на Лазаров уште во првото полувреме го реши натпреварот, откако на паузата си замина со високи 22-15, по што во вторите 30 минути нивното водство постојано растеше до конечни 43-28.

Лазаров имаше два удари кон противничкиот гол, но не беше прецизен во победата на Нант, кој сега има 29 бодови на третата позиција, односно седум помалку од второпласираниот Монпелје.