Младинците на Пелистер го дознаа противникот во претквалификациите за ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска на ждрепката го дознаа противникот во претквалификациониот турнир за Лигата на шампиони (ЛШ).

Пелистер во полуфиналето ќе се соочи против дански Алборг на 30 март во 12 часот, додека во второто полуфинале ќе се судрат Загреб и Фуксе Берлин.

„По минатогодишниот голем успех и учеството на Ф4 во Келн ова е нова можност за најдобрата ракометна школа во државата за нови докажувања и успеси на меѓународна сцена“, објавија од Пелистер.