Тенисерка бара 20 милиони долари: Лажно обвинување за допинг ѝ го уништи животот!

Британската тенисерка Тара Мур бара отштета откако кариерата и животот ѝ беа уништени на крајот на 2023 година. Таа беше суспендирана поради позитивен допинг-тест, но независна комисија докажа дека е невина.

Сè започна во април 2022 година во Богота. Додека дел од организаторите на турнирите во Мексико ги предупредуваа тенисерките дека конзумирање на црвено месо може да доведе до лажен позитивен тест на допинг, домаќините во Колумбија не ја пренесоа информацијата.

ВТА го игнорирал предупредувањето и ги оставил тенисерките незаштитени, а судбината на Мур била сурова затоа што една чинија од месото било доволно да ѝ го уништи животот и кариерата.

Иако од самиот почеток тврдеше дека е невина, сепак системот не ѝ веруваше, но таа се бореше за правдата и конечно потврди дека е невина, па сега бара отштета од 20 милиони долари.