Алардајс: Салах се однесува како големо бебе!

Поранешниот англиски селектор Сем Алардајс го обвини фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах дека се однесува непрофесионално.

Репрезентативецот на Египет е во лоша форма, а тренерот Арне Слот претходно во сезоната го остави и на клупата за резерви.

„Мохамед Салах мора да стане сериозен и повторно да постигнува голови. Нека престане да го обвинува Слот кога сам е виновен. Не може да биде разочаран кога ќе го заменат затоа што не прави ништо на теренот. Се однесува како големо бебе“, кажа Алардајс.

Салах оваа сезона настапи на 28 натпревари, при што постигна седум голови и осум асистенции.