Фудбалер ја запроси девојката на терен, а три дена подоцна ја прекинаа врската (ВИДЕО)

Фудбалерот Дериксон Кирос привлече големо внимание минатиот викенд откако ја запроси својата девојка на теренот по мечот меѓу Кселаху и Маркенсе (4-2), но три дена подоцна им пропадна врската.

Кирос клекна на теренот и го доби судбоносното „Да“ од својата избраничка, но потоа на Инстаграм објавил дека е прекината нивната врска.

„Да, вистина е. Беше тешка ситуација, но подобро е вака. Сега сум посветен на мојата кариера“, кажа фудбалерот.