Вардар не губи дома: Во „Јане“ кој играл - заминал со пораз! (ФОТО)

Статистиката на РК Вардар за минатата сезона е неверојатна, ракометарите на македонскиот шампион се единствените во Европа кои победиле на сите домашни натпревари.

Специјалниот портал за ракометна статистика „Дата Хендбол“ излезе со податоци кои потврдуваат колку добра беше минатата сезона на Вардар во која црвено-црните се вратија на тронот.

Вардар е единствениот ракометен клуб кој минатата сезона победил на сите официјални домашни натпревари. Одиграл 22 и славел исто толку победи. Со ваков успех ниту еден друг клуб во Европа не може да се пофали.

Најмногу домашни победи има остварено Алборг, но тие имаат еден пораз. Магдебург и Кристијанштад имаат по два порази, а Барселона и Веспрем по трипати капитулирале на домашно тло.

Во статистиката се земени во предвид само екипите кои лани имале над 20 официјални домашни натпревари. Тука се вбројуваат натпреварите од европските и домашните првенства.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by datahandball (@datahandball)