Атлетико Мадрид ја промовираше новата „Седумка“ - засилување од ПСЖ!

Шпанскиот гигант, Атлетико Мадрид, денеска го промовираше едно од своите најважни засилувања во летниот преоден рок, на „Ванда Метрополитано“ пристигна Канг-Ин Ли.

Клубот денеска и официјално го потврди ангажманот на Канг-Ин Ли од ПСЖ кој стави потпис на договор до 30 јуни 2031 година.

Атлетико Мадрид за овој трансфер на ПСЖ ќе му плати околу 40 милиони евра.

Ли ќе го носи дресот со број седум кој претходно му припаѓаше на Гризман.