Турците во делириум: Пристигнуваат Салах, Леао, Влаховиќ...
Најголемата ѕвезда која ќе пристигне е Мохамед Салах. Тој доби понуда вредна од 13 милиони евра по сезона и ќе потпише за Бешикташ.
Египетскиот крал вечерва ќе пристигне во Истанбул за да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.
Се верува дека и трансферот на Рафаел Леао од Милан во Фенербахче е при крај.
А големи се шансите Бешикташ да го ангажира и Душан Влаховиќ. Различни извори пренесуваат различни суми, па така платата варира од 8 до 12 милиони евра годишно плус бонуси и плус речиси 20 милиони евра за потпис на договорот.