Канте не одигра ни минута на Мундијалот, а сега е пред спектакуларен трансфер
Според информациите од Турција, лондонскиот клуб веќе воспоставил контакт со Фенербахче и ја разгледува можноста да го ангажира искусниот играч за врска уште ова лето. Канте во јануари годинава се врати во европскиот фудбал со трансфер во Фенербахче, каде брзо се наметна како еден од најважните играчи во тимот. Сепак, интересот од Англија повторно ја отвори можноста за негово враќање на Островот.
Иако Тотнем веќе донесе неколку големи засилувања ова лето, клубот сака дополнително да го засили средниот ред со искусен фудбалер, а Канте е високо на листата на желби.
Интересно е тоа што Французинот не одигра ни минута на последното Светско првенство и има 36 години, но сепак е посакуван од некои од европските гиганти.