Талант Душебаев е нов селектор на Франција (ФОТО)

Француската ракометна федерација соопшти дека Гијом Жил си заминал од селекторската позиција, а негов наследнинк е легендарниот Талант Душебаев.

Душебаев ќе почне со тренерски активности од 16 март, а по долго време ова ќе биде прв странски тренер за Французите.

Стратегот во моментов го тренира и Кјелце, но паралелно ќе ја извршува селекторската функција со Франција.

Душебаев во кариерата претходно ги тренираше селекциите на Полска и Унгарија, но и екипите на Атлетико Мадрид и Сиудад Реал.

Фото: EPA