Драма во Мароко: Селекторот пред отказ, ќе го замени - Чави
На помалку од четири месеци пред почетокот на Светското првенство, како главен кандидат за негов наследник фигурира легендарниот шпански фудбалер и сега тренер Чави Ернандес. Мароканската федерација е убедена дека каталонскиот тренер, е најдобриот тренер што може да го води националниот тим на Мундијалот каде треба да се потврди четвртото место од претходниот шампионат.
И покрај тоа, остануваат две работи да се потврдат: официјалното заминување на Реграги, кој беше длабоко погоден по второто место на Африканскиот куп на нации и преговорите со Чави, кој никогаш не бил заинтересиран да преземе проекти на среден рок. Шпанскиот тренер отсекогаш давал приоритет на голем проект, но од самиот почеток. А Мароко е само четири месеци од Светското првенство каде што ќе се соочат со големи очекувања.