Пукна срамот во Милано: Интер е во „аут“, Бодо си поигра со европскиот вицешампион (ВИДЕО)
Норвешкиот првак минатата недела на домашен терен славеше со 3-1, а и вечерва во Милано оствари победа од 2-1, па со двоен триумф обезбеди пласман меѓу најдобрите 16. во Лигата на шампионите. Меѓу другото, ова беше трет пораз по ред за Интер на домашен терен во натпреварувањето на УЕФА.
Дека на „нераѕурите“нема да им биде лесно, стана јасно уште по првото полувреме во кое домашниот тим имаше иницијатива и создаваше шанси, но не успеа да постигне гол со кој ќе ја намали негативата од првиот меч. Резултатот беше 0-0 до 58. минута кога Аканџи направи страшен кикс пред својот шеснаесетник, им ја подари топката на гостите, а Хауге ја смести во мрежата за водство на Бодо. Во 72. минута Евјен ја зголеми предноста и тука беше јасно дека Интер нема повеќе што да бара на овој натпревар.
Единствено што успеа да направи миланскиот тим е да намали преку Бастони во 72. минута, но тоа ни оддалеку не беше доволно за пласман во осминафиналето. Интересно е тоа што Интер имаше дури 30 шута и 16 корнери, а и покрај таквата доминација не успеа да дојде до резултат што го води во следната фаза.
На останатите два меча од вечерашната програма, Баер и Њукасл рутински ја одработија својата работа и се пласираа во следната фаза. Баер ја сочува предноста од два гола од првиот меч со Олимпијакос, а премиерлигашот и на домашен терен го победи Карабах, овојпат со 3-2.
РЕЗУЛТАТИ
Баерн - Олимпијакос 0-0 (вкупно 2-0)
Интер - Бодо 1-2 (2-5)
Њукасл - Карабах 3-2 (9-3)