Вардар се мачеше 45 минути и потоа - експлодира! (ФОТО)
„Црвено-црните“ на домашен терен го совладаа Мелсунген со 37-3d и во следното коло, против Бенфика пред своите навивачи ќе го имаат директниот дуел за пласман во четвртфиналето. Победата на Вардар добива на значење ако се знае дека противникот во првото полувреме имаше и шест гола предност.

Првпат тоа се случи во 13. минута кога беше 10-4, потоа уште во три наврати, но Вардар сепак успеа до полувремето да се доближи на само еден гол негатива (18-19). Вовториот дел нашиот тим ја презеде контролата над резултатот, но не успеваше да поведе со повеќе од еден гол, се до 45. минута. Потоа следуваше - експлозија.

По 28-27, Вардар потигна три гола по ред, за највисоки +4 кои четата на Иван Чупиќ успеа да ја задржи и до крајот на мечот.

Јака Малус и Вукашин Воркапиќ го торпедираа голот на Мелсунген, првиот постигна десет, а вториот девет гола. Вардар сега се израмни со Бенфика со по четири бода, а на домашен терен против португалскиот тим ќе брка победа од пет гола разлика.



