Митревски се прости од Кинтана со трогателна порака (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски вечерва се збогуваше со неговиот поранешен колега Алфредо Кинтана, кој почина во болница откако пред неколку дена имаше срцев удар.

Кинтана пред неколку дена доживеа срцев удар, по што беше пренесен во болница, но таму не успеаа да му помогнат докторите и тој го загуби својот живот, а сега Митревски испрати трогателна порака.

„Почивај во мир Кинтана. Ти благодарам за сѐ. Засекогаш...“, напиша Митревски.