Манасков и другарите се вратија на тренингот на Веспрем (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и неговите соиграчи, по долга пауза се вратија во салата каде што одржаа тренинг, и покрај тоа што унгарското првенство е прекинато поради коронавирусот.

Тренерот Давид Дејвис имаше тренинг со Манасков и уште неколку ракометари, а целосно комплетирање на екипата се очекува во следниот период, со оглед на тоа дека немаат никакви натпревари.