Македонија доби директно место во женската ЛШ, ама (ќе) нема кој да игра!

Женскиот ракометен првак ќе има директно место во новоформираната ЛШ која почнува од сезоната 2020/21.

ЕХФ денеска излезе со нови ранкинзи каде што благодарение на двете титули на Вардар во ЛШ (годинава и 2017), Македонија е на рекордното трето место, додека благодарение на двете учества на ЖРК Вардар на ланскиот и прекланскиот Ф4 во Будимпешта, жените се на осмото место, кое гарантира пласман во новиот формат на ЛШ.

Покрај директното место во ЛШ, поради високиот пласман на ранг листата, од Македонија три екипи ќе играат Европската ракометна лига.

Но, попуста е оваа информација кога нема на повидок формирање на силен женски колектив, кој би бил рамноправен во ЛШ од 2020 година. Сегашното ниво на женските колективи е преслабо и прашање е дали ќе има заинтересирани да се пријават за настап во елитното натпреварување. 

А, можеби ова ќе биде иницијална каписла за формирање на нов силен женски клуб во Македонија...