
Дибиров в среда го игра последниот меч во ЛШ (ФОТО)
41-годишниот Дибиров претходно најави дека ја игра последната сезона во кариерата по која ќе се пензионира и ќе му се посвети на семејството.
Со оглед на тоа дека Загреб нема шанси за прогрес во Лигата на шампионите, неговиот последен настап во ова натпреварување ќе се случи во среда кога хрватскиот шампион ќе го пречека Кјелце.
Дибиров дури девет сезони помина во Вардар, со црвено-црните двапати ја покори Европа, а тој е и најдобриот стрелец на македонскиот тим во Лигата на шампионите.
„Пријатели, во среда ќе го одиграм последниот натпревар во Лигата на шампионите, беше фантастична авантура, ви благодарам за овој сон“, напиша Дибиров на социјалните мрежи.