Лазаров: Со две победи над Вест Виена да ги израдуваме нашите навивачи!
Двете средби ќе се одиграат во Скопје, што е дополнителна можност за македонскиот тим да дојде до посакуваната цел.
„Очекувам внимателна игра без технички грешки. Вест Виена е тим кој функционира како државен проект и е составен од талентирани млади играчи, кои главно ја претставуваат младинската австриска репрезентација. Тимот е технички подготвен, добро трча и има стил сличен на нашиот,“ изјави Лазаров.
Тренерот ги повика своите ракометари на фокусирана игра, истакнувајќи дека ќе може да смета на поголемиот дел од екипата, со исклучок на повредените Дамјан Митев и Никола Костески. Првиот меч ќе се одигра утре во салата во Автокоманда, каде што двата тима ќе се сретнат и задутре.Лазаров изрази надеж дека публиката ќе биде сведок на две победи, но нагласи дека успехот ќе зависи од посветеноста и изведбата на теренот.