Белингем: Не е страшно да се загуби од Ливерпул, но - срамно е да се игра очајно!

Во дербито на петтото коло од Лигата на шампионите, одиграно синоќа на „Енфилд“, Ливерпул славеше со против актуелниот европски шампион Реал Мадрид (2-0) и тоа со головите на Алексис Макалистер и Коди Гакпо, со што стана единствениот тим со пет победи во пет натпревари оваа сезона.

Згора на тоа, ова беше прва победа за „црвените“ против шпанскиот гигант по 15 години. Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, изјави дека нема срам да се загуби од Ливерпул, но дека начинот на којшто неговиот тим одиграл го прави поразот разочарувачки.

„Тие ја сакаа победата повеќе од нас, да бидам искрен“, рече Белингам по натпреварот. „Ова е лош резултат против тим кој моментално игра најдобар фудбал во Европа. Нема срам да се изгуби овде, но сме разочарани од нашата игра.“

Белингам истакна дека Ливерпул имал контрола од самиот почеток на натпреварот.

„Не успеавме да го искористиме поседот на топката. Кога конечно ќе ја освоевме, премногу се обидувавме со контранапади. Дефанзивно, тие беа одлични и не ни дозволија да ги загрозиме“, дополни Англичанецот.

И двете екипи промашија по еден пенал — Мохамед Салах за Ливерпул и Килијан Мбапе за Реал Мадрид. Белингам застана во одбрана на својот соиграч.

„Притисокот врз Мбапе е огромен поради неговата извонредност. Но, пеналот не е причината за нашиот пораз. Како тим не бевме на нивото на кое требаше да бидеме. Тие беа подобри од нас, толку е едноставно. Мбапе може да оди со крената глава, сигурен сум дека ќе донесе големи нешта за клубот, заврши фудбалерот на „кралевите“.

Реал Мадрид по пет одиграни кола има само шест бодови и моментално се наоѓа на 24-то место на табелата.