Лајпциг ќе го продава Елмас во јануари и тоа со - голема загуба!
Тој летоска пристигна во бундеслигашот од Наполи за 24 милиони евра, но не успеа да се наметне во тимот на тренерот Марко Росе. Во тековната сезона одигра само два натпревари во Бундеслигата, со вкупно 44 минути на терен, што е јасен показател дека тренерот не смета на неговите услуги. Дополнително, македонскиот фудбалер нема да настапува до крајот на годината поради повредата што ја заработи на натпреварот против Латвија во Скопје, во рамките на Лигата на нации.
Според информациите на „Билд“, Лајпциг не планира да го испрати Елмас на позајмица, туку директно да го продаде. Клубот би прифатил обесштетување од 15 милиони евра за неговите услуги. Италијански клубови веќе покажале интерес за Елмас, а интересот од турските великани Фенербахче и Галатасарај останува актуелен.