Барди си заминува од Трабзон, ама и понатаму ќе игра во Турција!?
Тренерот на клубот, Риза Чалимбај, потврди дека ангажманот на нашиот фудбалер е главен приоритет за неговата екипа. Барди, кој моментално е надвор од плановите на Трабзонспор веќе подолго време е на листата на желби на Хатајспор, кој не успеа да го ангажира во летниот преоден рок, но сега е решен да го доведе во своите редови.
Управата на клубот веќе започна преговори со Трабзонспор, при што се очекува преговорите да се забрзаат веднаш по натпреварот со Бешикташ оваа недела. Хатајспор има намера да го финализира трансферот пред почетокот на зимскиот тренинг-камп, со цел да ја зајакне екипата пред продолжението на сезоната.
Барди, кој не доби доволно шанси во Трабзонспор, би можеле да биде од голема корист за Хатајспор, кој планира да го засили и својот одбранбен ред.